Од денес повторно отворени училиштата и продавниците во Австрија

пред 3 години

Училиштата, продавниците, фризерските салони и музеите повторно се отворени во Австрија по третото национално затворање, но сепак постои загриженост за високите стапки на зараза и ширењето на новите модифицирани видови на коронавирус.

Ублажувањето на мерките што стапува на сила денес е далеку од целосно. Луѓето кои одат на фризер ќе мора да покажат негативен резултат од тестот за коронавирус, не постар од 48 часа, а купувачите ќе мора да носат вистински заштитни маски во продавниците, а не обични памучни.

Рестораните и хотелите остануваат затворени како што најавија властите до крајот на месецот.

Затворањето е на сила во Австрија од 26 декември.

Иако владата наведе дека Австрија мора да стигне што е можно поблиску до нивото на зараза од 50 нови случаи на 100.000 жители за седум дена, тој број во моментов е 108 заразени.

Share
Scroll to Top