Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“

пред 3 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус да добие одобрение за употреба во Европската Унија.

Во соопштението објавено од ЕМА се тврди дека организацијата направила ригорозна проценка на вакцината и дека е задоволна од податоците за квалитетот, безбедноста и ефикасноста.

„Денешните позитивни вести се важен чекор напред во нашата борба против оваа пандемија, што предизвика страдања и тешкотии за многумина“, рече Емер Кук, извршен директор на ЕМА.

Одлуката за одобрување на вакцината сега ќе ѝ биде предадена на Европската комисија (ЕК).

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, рече дека Комисијата брзо ќе постапи по препораката на ЕМА.

„Ќе дејствуваме брзо. Очекувам одлука на Европската комисија до вечер“, напиша таа на „Твитер“.

Share
Scroll to Top