Европскиот парламент избира нов претседател

пред 3 години

Европратениците денеска во Стразбур избираат нов претседател, а речиси е сигурно дека една од трите најважни институции на ЕУ во следните две и пол години ќе ја предводи Малтежанката Роберта Мецола од Европската народна партија (ЕПП).

По европските избори во 2019 година, двете најголеми политички групи во ЕП, Европската народна партија и Социјалистите и демократите, постигнаа договор за доделување петгодишен мандат на претседателот на Парламентот на две и пол години, прво на социјалдемократ, а потоа и на претставник на ЕПП.

Share
Scroll to Top