Европските лидери на итен телефонски разговор поради новиот вид на коронавирус

пред 3 години

Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула фон дер Лајен и Чарлс Мишел денеска телефонски разговарале во врска со новиот вид на коронавирус што се шири во Велика Британија и што предизвика некои европски земји да ги прекинат летовите кон таа земја, соопшти Елисејската палата.

Францускиот претседател, германската канцеларка, претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет разговарале во време кога Холандија, Белгија и Италија ги прекинаа патничките летови со Велика Британија.

Шпанија побарала од Брисел координиран одговор на ЕУ во врска со прекинот на летовите од Велика Британија, по откривањето на нов вид на коронавирусот во таа земја, објави во неделата шпанската влада.

„Ние сакаме да ги заштитиме правата на европските граѓани со координиран пристап и спречување на еднострани мерки“, се вели во владиното соопштение.

Светската здравствена организација (СЗО) ги повикува своите членови во Европа да ја зајакнат контролата над новиот вид на коронавирус што циркулира во Велика Британија, соопштиле денеска за АФП од европскиот огранок.

Надвор од Велика Британија, неколку случаи од новиот вид се пријавени во Данска (9) и по еден во Холандија и Австралија, посочуваат СЗО, од каде им препорачуваат на земјите да ги зголемат капацитететите за секвенционирање на вирусот со цел да се дознае повеќе за опасностите од новиот вид.

 

Share
Scroll to Top