Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, неговата ќерка е со 85 отсто изгореници

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, неговата ќерка е со 85 отсто изгореници

пред 1 месец

Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.

Мажот (49) кој почина во експлозијата се здобил со тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, се уште е во критична состојба, пренесува порталот Новините.

Стојанов рече дека во магацинот каде што се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.

Текстот Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, неговата ќерка е со 85 отсто изгореници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top