Човечки останки се пронајдени во езерото Мид во близина на Лас Вегас.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Бидејќи езерото почнало да се повлекува или да се намалува поради сушата, почнало да ги открива своите мрачни тајни. На 1 мај едно тело беше пронајдено во буре, а повеќе човечки останки беа пронајдени во саботата. Полицијата предупредува дека најверојатно ќе најде уште тела додека езерото се повлекува.
Да потсетиме, минатата недела на калливиот брег на езерото беше пронајдено буре со остатоци од човечко тело. Полицијата соопшти дека станува збор за лице кое починало во 1970-тите или 80-тите години. Пронајденото буре, силно кородирано, наликува на тапан за складирање во индустријата и го забележале луѓе кои пловеле во чамец.
Последните човечки останки ги откриле во саботата две сестри кои веслале на даска, пишува Би-Би-Си.