Една нова студија откри интересна врска меѓу луѓето кои примиле вакцина против грип во сезоната 2019/2020, во време кога пандемијата на коронавирус започна.
Тие што примиле вакцина против сезонски грип биле погодени во помала мера од пандемијата, односно ретко имале позитивен тест.
Но дури и во случај лицето да било заразено со коронавирус , во просек таквите лица имале помалку компликации од Ковид-19 отколку луѓето кои не примиле вакцина против грип.
Истражувањето е објавено во „Американскиот магазин за контрола на инфекции“ и во него биле вклучени 27.201 лица тестирани на Ковид-19 до јули 2020 година.
Од оваа бројка, 1.218 лица биле позитивни, а кога примероците биле поделени на оние кои примиле вакцина против грип и на оние кои не ја примениле, забележана е јасна разлика, е наведено во истражувањето.
Пациентите кои примиле вакцина против сезонски грип имале 24% помал ризик да добијат коронавирус . Исто така, се покажало дека оние кои примиле вакцина против грип, имаат помала веројатност да имаат потреба од хоспитализација.
Во оваа фаза, сè уште не е јасно дали причината за оваа врска е биолошка по природа, односно дали вакцината против грип на некој начин го подготвува имуниот систем да се бори против други видови вируси или е тоа социјален фактор.
Можно е пациентите кои примаат вакцина против грип да бидат и лица кои практикуваат поголемо физичко растојание и го следат советот на лекарот.
Ова истражување покажува дека вакцината против грип доведува до подобри здравствени резултати кога станува збор за пандемии.