Експлозија во центарот за тестирање од Ковид-19 во Холандија нема повредени

пред 3 години

Пред отворањето на центарот за испитување од Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени, јавуваат холандските медиуми.

Според нивни информации експлозивот бил ставен во метална цевка пред централната зграда.

Експлозијата искрши пет прозорци во центарот. Чувар бил присутен на местото на настанот, но за среќа тој не бил повреден, пренесуваат тамошните медиуми.

Share
Scroll to Top