Експлозија во Њујорк – најмалку едно лице загина, а осум се повредени

пред 2 години

Најмалку едно лице загина, а осум се повредени во експлозија и пожар во Њујорк, соопшти денеска градоначалникот Ерик Адамс.

Ројтерс претходно објави дека девет лица се повредени, меѓу кои пет полицајци.

Според медиумите, експлозијата на гас предизвикала пожар и ја урнала зградата.

Повеќе од 100 пожарникари и членови на брзата помош излегоа на местото на настанот, според ABC News.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека инцидентот се случил на улица во Бронкс.

Полицијата соопшти дека една жена била констатирана смрт на лице место, додава NBC News.

На објавената снимка се гледа облак од чад кој се издига над зградата.

Share
Scroll to Top