Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница, која минувала покрај локал

Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница, која минувала покрај локал

пред 1 година

Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранителите во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.

Парче од стакло ѝ го пресече лицето и итно е пренесена во болница, потврди новинар на самото место.

„Жената се чувствува добро и по укажаната помош, е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детаљни прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница, Небојша Димитриевиќ.

Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.

Инаку, пожарот сè уште се гасне, а улицата во моментот е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.

Текстот Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница, која минувала покрај локал е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top