Експлозија пред седиштето на три грчки весници

пред 3 години

На зградата во која се наоѓа седиштето на три грчки весници утрово е фрлена експлозивна направа од рачно производство.

Се работи за канистери со гас, кој експлодирале пред влезот.

Во оваа зграда се наоѓаат редакциите на весниците „Демократија“, „Еспресо“ и „Естија“ во населбата Панграти.

Експлозијата предизвика штета на влезот во зградата. Полицијата го истражува инцидентот.

Share
Scroll to Top