Експлозија пред џамија во Кабул во која се вршел погреб на мајката на портпаролот на талибанците

пред 4 години

Во експлозија пред влезот на џамија во центарот на Кабул, Авганистан, загинаа повеќе цивили, објави портпаролот на талибанците.

Експлозијата се случила пред портите на џамијата во која се одржувала погребната церемонија на мајката на талибанскиот портпарол Забихула Мухаџид, јави Си-ен-ен.

Не е познато колку луѓе настрадале, но веројатно цел на нападот биле раководните структури на талибанците.

Засега никој не ја презеде одговорноста.

Share
Scroll to Top