ЕК: Брзите тестови да се користат кај лица кои покажуваат симптоми

пред 4 години

Европската комисија препорача брзите тестови за откривање на коронавирус да се користат главно кај луѓе кои покажуваат симптоми.

„Брзите анагени тестови треба да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите или во рок од седум дена по контакт со лице заразено со Ковид-19“, се вели во необврзувачка препорака до владите на ЕУ.

„Што се однесува до можноста за употреба на брзи тестови кај асимптоматски лица, треба да се има на ум дека податоците за нивната ефикасност во овој контекст се многу ограничени“. се наведува во препораката.

Воедно, се повикуваат земјите-членки да се користат заеднички сет на тестови, што е од големо значење за прекуграничните движења во рамките на ЕУ, следењето и третманот на прекуграничните контакти.

Како најсигурни остануваат ПЦР тестовите, но нивните резултати треба да почекаат неколку дена, додека резултатите од брзите тестови се добиваат за околу половина час.

Share
Scroll to Top