Во Германија дневната бројка на новозаразени за првпат надмина 30.000

пред 3 години

Германија прв пат од почетокот на пандемијата има повеќе од 30.000 заразени со коронавирус на дневна основа, објави денеска Институтот Роберт Кох (РКИ).

РКИ објави дека податоците за заразените регистрирани денеска вклучуваат 3.500 случаи од југозападната покраина Баден-Вуертемберг кои од технички причини не биле вклучени во статистиката на случаи од четвртокот.

Така, во последните 24 часа забелжани се рекордни 33.777 случаи. Починале 813 лица, што е втора најголема бројка од март досега.

Бројот на смртни случаи во последно време се зголемува, што се очекуваше со оглед на наглиот пораст на инфекциите.

Поради тоа властите се под притисок да започнат со вакцинирање на населението што е можно поскоро.

Германија потврди повеќе од 1,4 милиони инфекции и 24.938 смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top