Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека добила барање за одобрување на вакцината против коронавирус на Астра зенека и Оксфорд, прецизирајќи дека одлуката може да ја донесе на 29 јануари.
„ЕМА доби барање за одобрување за условно пуштање на пазарот на вакцината против Ковид-19, што ја развија Астра зенека и Универзитетот Оксфорд“, соопшти европската агенција со седиште во Амстердам.
ЕМА ја одобри вакцината на „Фајзер“ на 21 декември, а вакцината на „Модерна“ на 6 јануари.
Агенцијата најави дека ќе го забрза процесот на тестирање на вакцината и дека може да донесе одлука на 29 јануари, доколку доставените податоци се доволно цврсти и целосни.
Европската Унија и ЕМА се под притисок да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини против коронавирусот, кој однесе повеќе од 620.000 животи на целиот континент.