Емотивно видео на татко кој секоја недела танцува пред болницата каде се лекува неговиот син

пред 4 години

На социјалните мрежи се споделува емотивно видео од татко како танцува пред болницата кадешто неговиот син се лекува од леукемија. Видеото е објавено на Фејсбук страницата на Медицинскиот центар за деца Кук во Тексас, а многумина корисници на социјалните мрежи се трогнати од гестот на таткото чиј 14-годишен син Ајден се лекува од акутна лимфоцитна леукемија, пишува Метро.

На Ејден му била дијагностицирана болеста на почетокот на пандемијата на коронавирус, што ја принуди болницата да ги ограничи посетителите за да ја намали можноста за заразување на децата чиешто здравје е веќе кревко.

Само еден родител е дозволено да влезе во болницата, па така 14-годишниот Ајден при терапијата го придружува неговата мајка Лори. Но, неговиот татко Чак не се откажува од развеселување на својот син и танцува под неговиот прозорец, пренесува Кликс.

Чак може да го види Ајден само од далечина. Во обид да донесе насмевка на лицето на неговиот син, Чак танцува на паркингот на болницата секоја недела.

И покрај нејзината болест, Ајден танцува со него, но во неговата болничка соба, каде се обидува да ги следи покретите на неговиот татко. Неговата мајка Лори вели дека тоа е само еден од начините на кој таткото и синот ја одржуваат својата врска низ овој тежок и предизвикувачки период низ кој поминува нивното семејство.

Share
Scroll to Top