Ердоган го нападна Макрон поради „францускиот ислам“

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше  францускиот претседател Емануел Макрон затоа што користи антиисламска реторика, која вклучува создавање на „француски ислам“, за да ги прикрие своите неуспеси во водењето на земјата.

Ердоган го кажа тоа за време на видеосостанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), пренесува турскиот портал „Хуријет дејли њуз“.

Според него, оние кои се вознемирени од подемот на исламот ја напаѓаат таа религија за време на кризи и антиисламската и антимуслиманската реторика се најкорисните средства за западните политичари да ги прикријат своите неуспеси.

Како пример ги наведе „францускиот ислам“, „европскиот ислам“ и „австрискиот ислам“.

“Вистинската цел на овие иницијативи предводени од францускиот претседател Макрон е справување со исламот и муслиманите. Не треба да им дозволуваме на империјалистите да не делат на шиитско-сунитски, бело-црни, турски, курдски, арапски или фарисејски. Ние ќе се сакаме само заради Господ, не заради нашиот етнички идентитет“, рече Ердоган.

Турскиот претседател додаде дека постојат терористички организации кои го искористуваат исламот, како што се Боко Харам, Ел Шебаб, Исламска држава и ФЕТО и истакна дека е потребно правилно да се образуваат за исламот, со цел да се спречат ваквите девијантни бранови.

Share
Scroll to Top