Ердоган му предложи на Путин формирање работна група за Нагорно-Карабах

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика рускиот претседател Владимир Путин да формираат заедничка група за решавање на ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах.

Ова го објави турски „Си-ен-ен“, повикувајќи се на дипломатски извори, наведувајќи дека Ердоган му го предложил тоа на Путин за време на телефонскиот разговор одржан на 7 ноември.

Како што се наведува, подготовката за формирање на групата може да започне во наредните денови. Руската агенција наведува дека оваа информација досега не е потврдена од турски или руски официјални лица.

Share
Scroll to Top