Ердоган: НАТО требаше да преземе порешителен чекор во однос на Украина

пред 3 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека НАТО требало да преземе порешителен чекор во однос на кризата во Украина, јавува Агенција Анадолија.

Ердоган го критикуваше ставот на Западот за рускиот напад врз Украина, коментирајќи дека премногу советува, а малку презема.

Говорејќи пред новинарите по петочната молитва во Истанбул, Ердоган изјави: „Европската Унија, како и сите други западни концепции, за жал, не зазедоа сериозен и решителен став во моментов.

Во врска со изјавите на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека тие се оставени да се борат „сами“, Ердоган рече дека советите на Западот и неуспехот да покаже решителен став „не е во согласност со пријателството или солидарноста“.

Претходно денеска Зеленски во видеопорака споделена на социјалните мрежи изјави: „Утринава сами ја браниме нашата држава. Најмоќните сили во светот гледаат оддалеку.“

Подоцна во текот на денот, НАТО ќе одржи виртуелен состанок на шефовите на држави и влади на Алијансата за да се разговара за последиците од рускиот напад врз Украина, на кој ќе присуствува и турскиот претседател.

Share
Scroll to Top