Шефот на израелската дипломатија му одговори на Ердоган: Сети се на Хусеин

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се препушти во рацете на пет држави

пред 4 недели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на голема ревизија на Обединетите нации, јавува агенцијата „Анадолија“.

„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, рече Ердоган во Обраќање на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Ердоган го осуди системот на петте постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие можат самостојно да стават вето на важни одлуки, велејќи: „Светот е поголем од петте“.

„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој.

Ердоган нагласи дека во Газа не се тестирани само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и на ОН. Тој смета дека чувството на вина за холокаустот ги принудило западните земји да се воздржат од критикување на Израел, кој „врши геноцид во Газа повеќе од една година“.

Тој изрази надеж дека примирјето меѓу Израел и Хезболах ќе остане трајно, но нагласи дека итно е потребен прекин на огнот во Газа.

„Итното воспоставување на одржлив прекин на огнот во Газа е неопходно пред човештвото да изгуби уште повеќе од своите вредности. Подготвени сме да сториме се за да го запреме геноцидот во Газа и да ја отвориме вратата за траен мир“, заклучи тој.

Текстот Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се препушти во рацете на пет држави е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top