Страшни фотографии од Харков по бруталниот руски ракетен напад

пред 2 години

Објавени се фотографии од плоштадот „Слобода“, главниот плоштад во Харков, кој утрово во 7 часот беше погоден од руска ракета.

Според украинската страна, во нападот загинале најмалку десет лица, а најмалку седум се повредени. Меѓу повредените има и едно дете. Зградата на локалната самоуправа се наоѓа на главниот плоштад во Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „тероризам“ што никогаш нема да и го прости на Русија“.

Share
Scroll to Top