Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција нема да биде вовлечена во војната меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави, но дека е подготвена да одговори на сите закани по пресретнувањето на третата иранска балистичка ракета лансирана кон Турција.
„Во текот на овој процес, ги преземаме сите превентивни мерки против какви било закани за нашиот воздушен простор, исто како што направивме синоќа“, рече Ердоган, објави Ројтерс.
Текстот Ердоган: Турција нема да биде вовлечена во војна со Иран по инцидентот со ракетата е превземен од МАКФАКС.






