Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли тврдењата дека турското купување на рускиот одбранбен систем С-400 го загрозува НАТО и посочи дека Анкара дури и нема да мора да ги купи тие системи доколку Американците и го продадат одбранбениот систем „Патриот“.
„Њујорк тајмс“ објави дел од интервјуто во кое Ердоган зборува за купување на рускиот одбранбен систем С-400. Текстот е објавен по веста за вчерашната средба на Ердоган со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, пренесува „Анадолија“.
Ердоган ги отфрли сите тврдења дека турското купување на системот С-400 го поткопува воениот сојуз на НАТО.
„ Турција купува оружје за себе“, рече Ердоган, потсетувајќи дека правото на Турција да избере снабдувач со оружје го потврдија генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа и американскиот претседател Доналд Трамп.
Потсетувајќи дека Турција претходно побара од САД да ѝ го продадат одбранбениот систем „Патриот“, Ердоган рече дека неговата земја нема да мора да купува системи С-400 доколку Американците ѝ го продадат „Патриот“.
Во интервју за Си -Би -Ес, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да купува одбранбени системи од Русија.