Ерменија и Азербејџан договорија прекин на огнот во Нагорно Карабах

пред 3 години

Ерменија и Азербејџан, по 10-часовни разговори во Москва, договорија прекин на огнот во Нагорно Карабах за размена на затвореници и жртви, кој ќе стапи на сила во 12 часот.

Министерството за одбрана на Ерменија ги објави точките од договорот што беше постигнат по состанокот на делегациите на Ерменија, Азербејџан и Русија во Москва. Повод за состанокот е конфликтот во Нагорно Карабах, кој трае веќе 14 дена.

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан се состанаа со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и беа постигнати договори за повеќе точки. Лавров, кој посредуваше во преговорите во Москва, најави прекин на огнот и рече дека Ерменија и Азербејџан се согласиле да започнат разговори за решавање на конфликтот.

Како што објави Министерството за одбрана на Ерменија, договорено е Ерменија и Азербејџан да влезат во суштински преговори.

Share
Scroll to Top