Ерменци и припадници на ПКК протестираа во Париз против Азербејџан

пред 4 години

Излјадници Ерменци излегоа на протест во францускиот главен град против операцијата на Азербејџанво Нагорно Карабах, пренесува „Дејли сабах“.

Припадници на Курдската работничка партија (ПКК0 исто така беа дел од протестите во Париз организирани од Координативниот совет на ерменски организации на Франција (CCAF). Демонстрантите се собраа на плоштадот „Инвалидес“ да протестираат против тоа што Азербејџан го користи своето право на самоодбрана против нападите на Ерменија.

Официјалните претставници од Координативниот совет го обвинија францускиот претседател Емануел Макрон дека ја остава Ерменија сама и побараа Нагорно-Карабах да биде признат како ерменска територија. Тие тврдат дека Ерменците се најцивилизиран народ во регионот и дека Ерменија е најголем заштитиник на феминизмот, демократијата и на цивилизацијата.

Демонстрантите извикуваа слогани против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ја повикаа меѓународната заедница да интервенира против Турција и Азербејџан.

Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупираше Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан. Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.

Ерменија и Азербејџан на преговорите во Москва договорија примирје од хуманитарни причини што стапи во сила на 10 октомври, а чија цел беше размена на телата и затворениците во Нагорно- Карабах. Ерменската војска по неполни 24 часа од примирјето изведе напад врз градот Ганџа во Азербејџан, во кој загинаа десет лица, а 35 се ранети.

 

Share
Scroll to Top