Еруптира вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е во сила

Еруптира вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е во сила

пред 4 месеци

Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија еруптира околу пет минути исфрлајќи пепел високо пет километри во воздухот, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки опасности.

Засега не се издадени наредби за евакуација, јавува „Ројтерс“. Во сила е третото ниво на предупредување од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот, Хендра Гунаван.

„Ако почне да паѓа пепел, им препорачуваме на луѓето што се во близина на вулканот да носат маска и очила“, додаде Гунаван.

Индонезија, архипелаг на кој живеат приближно 270 милиони луѓе, има 127 активни вулкани, а се наоѓа во т.н. пацифичкиот огнен прстен, област каде што се судираат повеќе тектонски плочи предизвикувајќи зголемена сеизмичка активност.

Текстот Еруптира вулканот Ибу во Индонезија, третото ниво на предупредување е во сила е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top