Етна повторно еруптира по повеќе од три недели затишје

Етна повторно еруптира по повеќе од три недели затишје

пред 4 часа

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптира по повеќе од три недели затишје.

Од кратерот Вораџине се издигнал голем облак од вулканска пепел, а пепелта паднала и врз градот Бронте.

Поради ерупцијата, вулканската пепел привремено предизвикала ограничувања на воздушниот простор над вулканот, но работата на Меѓународниот аеродром во Катанија продолжила без нарушувања, соопштија локалните власти.

Текстот Етна повторно еруптира по повеќе од три недели затишје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top