ЕУ бара објаснување од САД за новите царини

ЕУ бара објаснување од САД за новите царини

пред 7 часа

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс.

Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација.

„Имавме договор со Америка и се придржувавме до него. Затоа ова е непријатно изненадување“, изјави Калас.

Таа додаде дека ЕУ има строги работни стандарди и оцени дека американското образложение за воведување на царините не е основано.

Осврнувајќи се на Русија, Калас рече дека најновиот пакет санкции на ЕУ има цел дополнително да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина и оцени дека санкциите веќе имаат ефект врз руската економија.

Текстот ЕУ бара објаснување од САД за новите царини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top