ЕУ ги продолжува санкциите за четворица руски функционери

пред 4 години

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да ги продолжат санкциите за четворица високи руски функционери како одговор на затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

За време на состанокот на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ не се разговарало за никакви имиња, но дипломатски извори велат дека шефот на Рускиот истражен комитет, кој истражува големи злосторства, директорот на затворот, директорот на Руската национална гарда и главниот обвинител се цел на санкции, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top