Европска Унија може да донира околу пет проценти од вакцините што ги нарачала за свои потреби на сиромашните земји, пишува „Ројтерс“.
Доколку овој план предложен од француската влада се реализира, постои ризик дека шемата за дистрибуција предвидена за сиромашните земји од Светската здравствена организација ќе биде загрозена.
Сепак, овој предлог на француската влада би можел да се реализира само доколку ЕУ има вишок вакцини, кои досега ги нарачала од компаниите Фајзер / Бајонтек, Модерна, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека / Оксфорд, Санофи / ГСК и КjурВак.
Во документот подготвен од кабинетот на палатата Матињон се вели дека донирањето вакцини на сиромашните земји од фондовите на ЕУ би било, краткорочно, најефикасниот начин да се постигне амбициозен план за вакцината како јавно добро.
ЕУ нареди вкупно 1,3 милијарди дози вакцина против Ковид-19, а доколку се прифати францускиот предлог и доколку се покаже дека е изводлив, околу 65 милиони дози би биле донирани во сиромашните земји.