ЕУ протера тројца руски дипломати

пред 4 години

Германија, Полска и Шведска протераа тројца руски дипломати во координирана одмазда против Русија, а Москва овој потег го нарече „неоправдан и непријателски“.

Руското министерство за надворешни работи веднаш реагираше и објави дека протерувањето на руските дипломати е неоправдано и непријателски, објави новинската агенција Интерфакс.

Европската комисија го бранеше европскиот министер за надворешни работи, Џозеп Борел, при посетата на Русија минатата недела кога Кремљ протера тројца европски дипломати.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека протерувањето на дипломатите од Германија, Шведска и Полска се случи еден ден пред патувањето на Борел.

Борел на својот блог синоќа објави дека се занемарени неговите молби Русија да го запре протерувањето, а поранешниот шеф на одбраната на Естонија и сегашен европратеник, Рихо Терас, започна кампања со која бара оставка од Борел.

Но, Европската комисија соопшти дека не жали што Борел отиде во прва посета на Русија како координатор за надворешна политика на ЕУ, бидејќи Русија беше на пат кон конфронтација, што пак Борел се обиде да ја избегне.

„ Патувањето беше потребно. Патувањето не се откажува бидејќи се чини тешко”, изјави портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

Share
Scroll to Top