ЕУ ќе добие 12,5 милиони дози вакцинa на Фајзер и Бајонтек до крајот на годината

пред 3 години

Бајонтек и американскиот производител на лекови Фајзер ќе испорачаат 12,5 милиони дози од својата вакцина проѕтив Ковид-19 во Европската Унија до крајот на годината, соопшти германската компанија.

Тоа е повеќе од половина од 20 милиони дози што се очекува да бидат испратени во САД пред крајот на годината, рече директорот за дистрибуција на Бајонтек, Шон Марет.

Со две дози вакцини дадени на растојание од три недели, испораките во Европската унија ќе бидат доволни за вакцинирање на 6,25 милиони луѓе, бидејќи компаниите се подготвуваат да ги испратат првите вакцини по одобрувањето на регулаторот.

Земјите членки на ЕУ кои сакаат вакцина ќе ја добијат во рок од пет дена, рече Марет на брифинг.

Германската биотехнолошка компанија планира да започне со производство во февруари на нејзината локација во Марбург, Германија, рече финансискиот директор Сиерк Петинг.

Share
Scroll to Top