Жените без хиџаб на црната листа на талибанците

пред 3 години

Талибанците им забранија на медиумите во Авганистан да прикажуваат странски тв серии кои се спротивни на шеријатските норми, жени без хиџаб, како и какви било песни, пренесуваат странските агенции.

Според претставниците на медиумите, талибанската комисија за култура забранила прикажување на девојки во модерна облека, дури и во реклами. Сите жени мора да носат хиџаб.

Освен тоа, медиумите не можат да емитуваат странски тв емисии кои се спротивни на авганистанската култура и шеријатскиот закон, а употребата на песни е строго забранета.

При емитувањето на странските медиуми во Авганистан мора да се почитуваат нормите поставени од властите во земјата, во спротивно тие ќе бидат забранети.

Според претставниците на медиумите, поради овие забрани некои медиумски канцеларии ќе мора да бидат затворени.

Share
Scroll to Top