Жените ќе ги уживаат сите права предвидени со шеријатот, тврдат талибаниците

пред 3 години

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид денеска на првата официјална прес -конференција по освојувањето на целата територија на Авганистан и влегувањето во Кабул, изјави дека тие им ги гарантираат на жените сите права според шеријатските закони, додавајќи дека жените можат да работат во образованието и здравството.

„Ако меѓународната заедница е загрижена, нека знаат дека нашите жени ќе ги имаат сите права според шеријатот. Тие се муслиманки и мора да го почитуваат шеријатскиот закон“, порача тој.

Исто така рече дека сака да ја убеди меѓународната заедница дека талибанците нема да повредат никого и дека не сакаат проблеми со меѓународната заедница.

„Жените ќе работат рамо до рамо со нас, сакаме да ја увериме меѓународната заедница дека нема да има дискриминација“, кажа портпаролот.

Тој исто така нагласи дека медиумите мора да бидат непристрасни, но дека ништо во нив не треба да биде против исламските вредности.

„Медиумите не треба да работат против националното единство, не треба да промовираат поделби и треба да работат за единство во земјата“, порача Муџахид.

Share
Scroll to Top