Столтенберг: Не е доцна Русија да се повлече од работ на конфликт

пред 2 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека министрите за одбрана на сојузничките земји разговарале за „најсериозната безбедносна криза“ во Европа во последните децении, придружена со „најголемата концентрација на руски воени сили во Европа“ од крајот на Студената војна.

„Сојузниците ги поздравија сите дипломатски напори, а од Москва има сигнали дека сакаат да продолжат преку дипломатија. Во исто време, досега, не сме виделе знаци на деескалација на теренот. Нема повлекување на војници или оружје, рече Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО може да докаже дека Русија не ги повлече војниците од украинските граници со помош на сателитски снимки.

Share
Scroll to Top