Европската унија е подготвена да воведе дополнителни санкции кон Мјанмар по новата ескалација на насилството од страна на армијата и бара воведување меѓународно ембарго за оружје за таа земја, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеф Борел.
Армијата минатата недела уби повеќе од 30 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а нивните тела беа запалени во село во државата Каја во Мјанмар, пренесува Ројтерс.
„Со оглед на ескалацијата на насилството во Мјанмар, потребна е засилена меѓународна превентивна акција, вклучително и ембарго за оружје“, рече Борел во изјавата.