Заврши примирјето во Украина

пред 3 години

Во 21 часот по локално време заврши 12-часовниот прекин на огнот меѓу Украина и Русија.

Применет е во шест украински региони, вклучувајќи ги областите како Мариупол, Харков и предградијата на Киев, каде што руското гранатирање беше најинтензивно.

Претходно, украински дипломат изјави дека 40.000 цивили успеале да побегнат од завојуваните градови, иако хуманитарните коридори во Мариупол и Харков не успеаја, а делумно и во околината на Киев

Коридорите за цивили функционираа во Суми на североистокот на земјата и во делови од регионот на Киев и во Енерходар.