Загадување предизвикано од болокадата на Суецкиот канал, снимено од вселената

пред 4 години

Нeoдамнешната блокада на Суецкиот канал, предизвикана од огромниот транспортен брод „Евер гивен“, што се заглави во него, предизвикала сериозно загадување со сулфурен диоксид, пренесува Би-би-си.

Поради блокадата на каналот, стотици бродови останаа да чекаат од двете негови страни, принудени да стојат на истото место со денови.

Како резултат на тоа, концентрацијата на сулфурен диоксид (SO2) во воздухот достигнала пет пати поголема вредност од вообичаената на медитеранската страна на каналот. Сулфурниот диоксид е нуспроизвод од согорувањето на горивата што ги користат бродските мотори.

Меѓународната поморска организација (ИМО) во последните години се обидува да ги намали емисиите на сулфурен диоксид поради негативното влијание што може да го има врз животната средина и здравјето на луѓето, јавува Би-би-си.

Поради блокадата на Суецкиот канал, која траеше цели шест дена, дури 350 бродови заглавија на истото место. Повеќето беа закотвени на северниот крај на каналот, во Медитеранот. Иако нивните главни мотори беа исклучени, помошните напојувања и бојлери сè уште беа во функција.

Тоа довело до висока концентрација на сулфурен диоксид во атмосферата, што беше откриено од европскиот сателит Сентинел-5П.

Навални беше затворен во февруари и беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условна казна.

„Русија, или поточно руските власти, можеби го водат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што навистина му се случува“, изјави минатата недела за „Ројтерс“ генералната секретарка на „Амнести Интернешнл“, Агнес Каламард.

Share
Scroll to Top