Руски воени авиони извршија напади во текот на ноќта врз североисточниот град Охтирк, во регионот Суми, изјави висок локален претставник.
Регионалните власти соопштија дека во синоќешниот напад на руските сили врз градот Охтирк во областа Суми загинале едно момче (13) и две жени.
– Непријателот погоди станбени згради, пет лица се извлечени од урнатините, од кои две деца – соопштија локалните власти, пишува Некста.
Во меѓувреме се појави видео од разурнатиот Охтирк.
During the night shelling of #Okhtyrka, three civilians were killed – two women and a 13-year-old boy.
— NEXTA (@nexta_tv) March 10, 2022