Западен претставник тврди: Руски војници разочарани од тешките загуби го убиле својот командант

пред 2 години

Командант на руска бригада намерно бил убиен од сопствените војници откако нивната единица претрпела големи загуби во Украина, изјавил за „Скај њуз“ западен официјален претставник.

Полковникот Медвечек, командант на 37-та механизирана бригада, намерно бил прегазен од неговите војници, додава функционерот.

„Командантот на бригадата бил убиен од сопствените војници. Сметаме дека причината се загубите што ги претрпела таа бригада во војната. Сметаме дека тој е убиен намерно, односно дека бил намерно прегазен“, појаснил функционерот.

Share
Scroll to Top