Започнаа преговорите Русија-Украина – засилени безбедносните мерки во Истанбул поради пристигнувањето на делегациите

пред 2 години

Руската и украинската делегација и Ердоган пристигнаа на разговор во палатата Долмабахче во Истанбул.

Снајперисти дежураат во Истанбул, на покривите на куќите околу палатата Долмабахче, каде денеска ќе се водат руско-украински преговори.

Засилени се мерките за безбедност поради големиот број новинари кои ги зазедоа своите позиции во очекување на пристигнувањето на делегациите на Руската Федерација и Украина и Ердоган во палатата Долмабахче на преговори.

Претходно претседателот на Турција напомена дека прво ќе се сретне со двете делегации, па дури потоа Русија и Украина ќе имаат можност да разговараат.

Тој утрово им се обрати на делегациите, повика на прекин на огнот и вети дека ќе направи се за да се поедностави преговарачкиот процес.

По неговото обраќање, Ердоган ја напушти палатата во која ќе се водат разговорите меѓу двете делегации.

Share
Scroll to Top