Затворен воздушниот простор над куќата на Бајден

пред 3 години

Над куќата на Џо Бајден, воздушниот простор е затворен. Сега тоа е воздушниот простор на националната одбрана.

Неговиот дом е во Делавер, Вилмингтон.

Сојузната управа за авијација во средата, ден по изборите, воведе привременa забрана за летови над куќата на Џо Бајден.

Пилотите биле известени дека не смеат да летаат во радиус од километар и пол или една милја околу куќата на Бајден, што е на сила до следната среда.

Покрај тоа, воздушниот простор е затворен над блискиот Центар Чејс, каде што е поставена сцена за потенцијалниот говор на Бајден, доколку победи на изборите.

Share
Scroll to Top