Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова му предложи на украинскиот претседател Владимир Зеленски да се самораспушти.
Таа се осврна на изјавата на Зеленски, кој претходно во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, каде Русија како постојана членка има право на вето, му предложи на Советот да се самораспушти или да ја исклучи Русија од нејзиното членство.
„Сега директно за изјавите на Зеленски за тоа дека некој таму треба да се самораспушти – тоа е многу интересна логика. Доколку човекот смета дека на структурата нешто не и оди во прилог тогаш му преостанува само еден излез – да се самораспушти, тогаш можеби и треба да го проба тој принцип но пред се на себе“, истакна Захарова.