Русија за затворањето на УСАИД: Тоа е машина за мешање во работите на други земји

Захарова: Макрон секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста

пред 11 месеци

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за Русија и францускиот нуклеарен арсенал „не се во согласност со реалноста“ и се во спротивност со неговите претходни позиции.

„Секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста и кои се во спротивност со неговите претходни изјави. Каков раскажувач“, рече Захарова, додавајќи дека Макрон ја потсетува на ликот од бајката „Оле Лукоја“ на Ханс Кристијан Андерсен, кој носи два чадори и ги отвора над децата кои спијат.

Захарова направи паралела меѓу тој лик и идејата на Макрон за „нуклеарен чадор“ што Франција ќе и го понуди на Европа.

Текстот Захарова: Макрон секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top