Русија адекватно ќе одговори на хрватското протерување на 18 руски дипломати и шестмина вработени во амбасадата, изјави денеска за РИА Новости портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa.
„ Русија ќе одговори соодветно“, рече таа.
Претходно, хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека од Загреб протерува 18 дипломати и шестмина административно-технички вработени во руската амбасада.
Од руското дипломатско претставништво во Хрватска денеска за РИА Новости потврдија дека Министерството за надворешни работи на Хрватска побарало дел од вработените да ја напуштат таа земја.
Претходно, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман изјави дека Загреб ќе протера неколку руски дипломати во врска со настаните во Украина.