Захарова: САД се на официјалната руска листа на непријателски држави

пред 3 години

Русија се обиде да состави список на непријателски земји кои забрануваат вработување на руски државјани во нивните дипломатски мисии, а СAД се на таа листа, изјави денеска во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“, претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Како што знаете, вчера беше објавен декрет на рускиот претседател Владимир Путин и бројни мерки кои ги надополнуваат постојните федерални закони. Државите кои се прогласени за непријателски одбиваат да вработат руски граѓани во нивните дипломатски и конзуларни претставништва. Од наш агол, целата приказна започна со бран непријателски потези на САД и може да потврдам дека САД се на нашата листа на непријателски држави “, изјави Захарова, а пренесува агенцијата ТАСС.

Share
Scroll to Top