За вакцинирање се пријавиле 51 пратеник во хрватскиот парламент

пред 4 години

Една третина односно 51 пратеник во хрватскиот Сабор се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19.

Пратениците ќе бидат вакцинирани во понеделник во 13 часот, објави „Индекс.хр“.

Според официјални податоци од парламентот, 36 од вкупно 151 пратеник веќе се заразиле со коронавирус, а 25 од нив биле во самоизолација, односно имале контакт со заболен.

Земајќи го предвид бројот на пратеници кои го прележале вирусот и бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, може да се заклучи дека повеќе од половина од пратениците ќе бидат заштитени од инфекција со коронавирус, пишува порталот.

Share
Scroll to Top