Зеленски: „Воведете строги санкции за оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност“

Зеленски: „Воведете строги санкции за оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност“

пред 3 месеци

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за обновување на санкциите врз Иран и рече дека строгите санкции треба веднаш да се воведат „секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност“.

Зеленски на Телеграм нагласи дека Техеран долго време ги игнорира повиците на МААЕ и меѓународната заедница, поткопувајќи го нуклеарниот поредок.

„Ова треба да стане глобално правило: секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедност, веднаш треба да се воведат строги санкции“, рече Зеленски.

Според него, „Русија дејствува во хармонија со Иран, ја зазема украинската нуклеарна централа со нејзините нуклеарни материјали и го претвора Запорожје во глобална нуклеарна закана“.

„Безгрижните режими кои ги игнорираат основните норми на меѓународното право и се стремат кон амбиции што ја загрозуваат нуклеарната безбедност мора да добијат единствен и силен меѓународен одговор“, нагласи украинскиот лидер.

Зеленски истакна дека „остриот колективен притисок врз Русија“, како и санкциите против нејзиниот нуклеарен сектор, се неопходни за зајакнување на меѓународниот нуклеарен поредок. Во петокот, ОН го обновија ембаргото за оружје и другите санкции против Иран.

Фото: принтскрин

Текстот Зеленски: „Воведете строги санкции за оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top