Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека до 25 милиони тони жито се блокирани во неговата земја и повика на безбеден коридор за нивна испорака за да се спречи недостиг на храна во некои делови од светот, јавуваат агенциите.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во обраќањето до печатот, Зеленски кажал дека преговорите за извоз на жито се во тек со Обединетите нации, како и со балтичките земји и Полска, но дека оваа втора рута не е опција бидејќи Украина не може да извезува големи пратки жито со железница а исто така и испораката преку рускиот сојузник Белорусија не е опција.
Изјавил дека Украина може да извезува десет милиони тони жито секој месец преку пристаништето Одеса, но дека тоа не е доволно.
„Ако сега таму имаме блокирани од 22 до 25 милиони тони, наесен би можеле да имаме 75 милиони тони. Што ќе правиме? Значи, без кромид не можеме“, рекол Зеленски.
Тој додал дека сè уште нема план за завршување на војната со Русија и дека мировните преговори со Москва се во застој, додавајќи дека сите сакаат да извлечат заклучок кој како што кажал „е апсолутно бескорисен за нас“.
Истакнал дека работат на враќање на сите украински воени заробеници дома.