Зеленски го обвини Израел дека купува украдено украинско жито од окупираните територии

Зеленски го обвини Израел дека купува украдено украинско жито од окупираните територии

пред 2 часа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Израел дека купува жито од окупираните украински територии кое, според Киев, Русија го украла, оценувајќи дека таквата трговија „не може да биде легитимна“.

Зеленски соопшти дека брод со ваков товар пристигнал во израелско пристаниште и најави санкции против сите што профитираат од вакви зделки.

Тој порача дека е невозможно израелските власти да не знаат каков товар влегува во нивните пристаништа.

Од друга страна, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар одговори дека Украина не доставила докази дека станува збор за украдено жито.

Киев тврди дека целото жито произведено на украинските територии окупирани од Русија е незаконски одземено, додека Москва тие региони ги смета за свои „нови територии“.

Текстот Зеленски го обвини Израел дека купува украдено украинско жито од окупираните територии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top